Линкови за пристапност

Аналитичари: Путин ја наметна милитаризацијата на Европа, одиме кон нова студена војна


Одлуките на Финска и Шведска да се откажат од неутралноста и да се приклучат на НАТО, води кон нови неизвесни сценарија во Европа (APTOPIX Russia Ukraine War)
Одлуките на Финска и Шведска да се откажат од неутралноста и да се приклучат на НАТО, води кон нови неизвесни сценарија во Европа (APTOPIX Russia Ukraine War)

Изгледите за мир во Украина се далечни и уште долго ќе ги чувствуваме последиците, особено во полето на економската безбедност, со ова враќање на новата студена војна на европско тло, смета професорот по безбедност, Марјан Ѓуровски

Зацврстување на безбедноста на Европа, но во исто време и создавање нова студена војна меѓу НАТО и Русија се можните настани по одлуката на Финска и Шведска да се приклучат на Северно атлантската алијанса. Така сметаат домашни познавачи на безбедносните и политичките состојби на релацијата НАТО-Русија.

Аналитичари: Путин ја наметна милитаризацијата, Европа оди кон нова студена војна
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

„Европа на овој начин покажува политичко единство, сплотеност дека ќе се брани во евентуален напад од Русија и од евентуални други надворешни земји. Но, воедно тоа е еден таканаречен политички пркос кон агресивната политика на рускиот претседател“, вели универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски.

Марјан Ѓуровски, Универзитетски професор
Марјан Ѓуровски, Универзитетски професор

Одлуката на Путин за воена агресија во Украина, ја промени играта во Европа... Наместо кон политика на економија, се оди кон политика на милитаризација
Марјан Ѓуровски, Универзитетски професор

Тој додава дека токму руската инвазија придонела за враќање на политиката на милитаризација.

„Одлуката на Путин за воена агресија во Украина, ја промени играта во Европа и генерално нејзината иднина. Имајќи во предвид дека Шведска и Финска се членки на Европската унија од 1995 година, воено се неутрални и овој потег, наместо кон политика на економија, води кон политика на милитаризација на Европа и на светот“.

Новинарот и познавач на руските политики, Мирче Адамчевски, сепак не верува дека Русија би извршила напад врз Финска, како врз Украина.

„Но, ќе распореди дополнителни технологии за следење, за разузнавање, коишто би ја штителе таа граница. Русија би била најсреќна доколку не се распоредат трупи на НАТО и нуклеарно оружје нити во Финска, нити во Шведска“, истакнува Адамчевски.

Сега Ердоган смета: Доколку вие сакате да влезете во НАТО, време е да поведете сметка за курдската партија што е во Шведска
Мирче Адамчевски, новинар и аналитичар

Противењето на Турција, пак, кон членството на двете земји, се оценува како политичко пазарење.

„Шведска е демократска земја и таму се одржуваат демократските партии, односно Курдската работничка партија. Сега Ердоган смета: Доколку вие сакате да влезете во НАТО, време е да поведете сметка за курдската партија што е во Шведска“, додава Адамчевски.

За големата вежба на НАТО, што неодамна се одржа на Криволак, велат дека упатила јасна порака за македонската позиција кон идните случувања.

„Уште еднаш потврда дека Македонија донела исправна одлука кога се одлучи за полноправно членство во НАТО. Но, воедно, покрај придобивките, ги делиме и обврските кои може да се зголемат на одбранбениот систем во евентуална потреба за испраќање на друг тип на поддршка“, смета универзитетскиот професор Ѓуровски.

Мирче Адамчевски
Мирче Адамчевски

Новинарот и аналитирач, Адамчевски, пак, додава: „Македонија е членка на НАТО и таа мора да го работи тоа што произлегува од заедничките договори“.

Во меѓувреме судирите во Украина не стивнуваат. Познавачите сметаат дека можноста за скорешен мир таму е далеку од веројатна.

„Дополнително уште долго ќе ги чувствуваме последиците, особено во економската безбедност од ова враќање на новата студена војна на европскиот континент“, заклучува професорот Ѓуровски.

XS
SM
MD
LG