Линкови за пристапност

Бајден: Финска и Шведска го прават НАТО посилен


Додека стоеше покрај финскиот претседател Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон, американскиот претседател од градината Роуз, рече: „Заклучокот е едноставен, прилично јасен: Финска и Шведска го прават НАТО посилен.
Додека стоеше покрај финскиот претседател Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон, американскиот претседател од градината Роуз, рече: „Заклучокот е едноставен, прилично јасен: Финска и Шведска го прават НАТО посилен.

Претседателот Џо Бајден во четвртокот им посака добредојде на лидерите на Финска и Шведска во Белата куќа и рече дека двете земји имаат „целосна поддршка“ од САД откако двете нации ги поднесоа нивните официјални апликации за да станат полноправни членки на НАТО, јави Си-Ен-Ен.

„Денес, горд сум што можам да ја поздравам и да ја изразам силната поддршка на САД за приемот на две големи демократии и два блиски, високо способни партнери да се приклучат на најсилниот, најмоќниот одбранбен сојуз во историјата на светот“, рече Бајден, како што пренесоа во живо од Белата куќа, сите главни американски ТВ оператори и медиуми.

Додека стоеше покрај финскиот претседател Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон, американскиот претседател од градината Роуз, рече: „Заклучокот е едноставен, прилично јасен: Финска и Шведска го прават НАТО посилен. Не само поради нивниот капацитет, туку и поради нивните силни, силни демократии“.

Кандидатурите на Шведска и Финска за влез во НАТО доаѓаат како одговор на руската војна против Украина, која предизвика загриженост за безбедноста низ целиот регион.

Бајден со гостите од Шведска и Финска.
Бајден со гостите од Шведска и Финска.

Настојувањата на историски неутралните нации да се приклучат на Алијансата означуваат драматична еволуција во европската безбедност и геополитика, а потезите наидоа на отпор од Русија и Турција, која е членка на НАТО.

XS
SM
MD
LG