Линкови за пристапност

Блинкен позитивен на Ковид-19

„Секретарот ќе се изолира дома и ќе одржува виртуелен распоред за работа. Тој со нетрпение очекува да се врати во Стејт департментот и да продолжи со целосните обврски и патувања, што е можно поскоро“, се вели во соопштението.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен од средата е позитивен на тестот за Ковид-19, соопшти американскиот Стејт департмент, додавајќи дека тој има благи симптоми, објави Ројтерс.

Според агенцијата, првиот американски дипломат, кој е целосно вакциниран, има и трета вакцина, не се видел лично со претседателот Џо Бајден неколку дена и затоа Бајден не се смета за близок контакт, се вели во соопштението.

„Секретарот ќе се изолира дома и ќе одржува виртуелен распоред за работа. Тој со нетрпение очекува да се врати во Стејт департментот и да продолжи со целосните обврски и патувања, што е можно поскоро“, се вели во соопштението.

Се додава дека Блинкен бил негативен во вторникот и претходно во средата пред да биде позитивен. Блинкен присуствуваше на вечерата на дописниците од Белата куќа (WHCD) во Вашингтон, во текот на викендот, на собир со на неколку илјади луѓе, вклучително и истакнати личности во медиумите и политиката.

На брифингот за новинарите, портпаролот Нед Прајс рече дека Стејт департментот работи на информирање на оние кои биле во близок контакт со Блинкен во изминатите денови.

Блинкен претходно во средата се состана со шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и со неговиот мексикански колега Марсело Ебрард во вторникот. Ебрард во твит рече дека направил ПЦР тест по средбата со Блинкен.

Прајс, кој секојдневно се гледа Блинкен, рече дека тестот бил негативен околу еден час, пред брифингот.

Многу очекуваниот говор на Блинкен за политиката на администрацијата на САД кон Кина за денеска е одложен.

XS
SM
MD
LG