Линкови за пристапност

Кина и натаму со стриктни политики против Ковид


Претседателот на Кина Ши Џинпинг рече дека Кина мора да се придржува до својата строга политика за „динамично отстранување на Ковид“ додека глобалната пандемија останува многу сериозна, објави Ројтерс.

Според Агенцијата, политиката на Кина за „нула случаи од „Ковид“ стави милиони луѓе во карантин и имаше растечко влијание врз втората по големина економија во светот, за разлика од другите земји кои ги отфрлија ограничувањата иако вирусот сè уште се шири.

„Мора да се придржуваме до научната прецизност“, рече Ши за време на посетата на јужниот остров Хаинан во средата, објавија државните медиуми.

„Актуелната глобална пандемија е сè уште многу сериозна и не можеме да ја релаксираме превенцијата и контролата. Упорноста е победа“, рече тој.

Коронавирусот првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година.

Кинеската политика беше кон значително ограничување на ширењето на вирусот во поголемиот дел од државата во следните две години. Но, новите варијанти на Омикрон брзо се шират.

Епицентарот на битката на Кина со Ковид сега е финансискиот центар на Шангај, каде што повеќето од неговите 25 милиони жители се во карантин.

XS
SM
MD
LG