Линкови за пристапност

СЗО: Пад на глобално ниво на бројката заразени од Ковид, освен во Америка и Африка


Според АП, во својот неделен извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека имало околу 3,8 милиони нови инфекции и повеќе од 15,000 смртни случаи минатата недела, што е пад од 17% и 3%.
Според АП, во својот неделен извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека имало околу 3,8 милиони нови инфекции и повеќе од 15,000 смртни случаи минатата недела, што е пад од 17% и 3%.

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на новопријавени случаи на коронавирус и смртни случаи на глобално ниво продолжи да паѓа во последната недела, продолжувајќи го падот што првпат започна во март, пренесе Асошиејтед Прес.

Според АП, во својот неделен извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека имало околу 3,8 милиони нови инфекции и повеќе од 15,000 смртни случаи минатата недела, што е пад од 17% и 3%, соодветно.

Но, се верува дека тие бројки се значително потценување на вистинскиот биланс на Ковид-19 бидејќи зголемениот број земји ги напуштаат широко распространетите тестирања и надзор. Сепак, СЗО забележа дека случаите се зголемиле за околу една третина во Африка и 13% во Америка.

Пораст на нови случаи во Индија
Пораст на нови случаи во Индија

Имаше и скоро 70% скок на смртните случаи пријавени во Индија, иако тоа се припишува на одложеното пријавување, а не на неодамнешниот пораст на болеста. Минатата недела, властите во Јужна Африка соопштија дека забележале пораст на случаите на Ковид-19 што се припишува на мутантот BA.4 на омикрон, иако рекоа дека е премногу рано да се каже дали тоа ќе резултира со значителен нов бран на болеста.

На брифингот со новинарите во средата, шефот за итни случаи на СЗО, д-р Мајкл Рајан, рече дека е прерано да се каже дали Ковид-19 влегува во сезонски модел и предупреди земјите да не ги напуштат сите свои ограничувања пребрзо - како што направија многумина на Запад. „Сè уште не се знае колку овој вирус ќе стане сезонски“, рече тој, објаснувајќи дека сè уште не е докажано дека Ковид-19 природно ќе исчезне во текот на летото и дека светот сепак може да се соочи со повеќе вознемирувачки варијанти.

XS
SM
MD
LG