Линкови за пристапност

Бајден размислува да испрати официјално лице во посета на Украина


Претседателот на САД рече дека целта е да се нагласи посветеноста на Вашингтон кон украинската нација
Претседателот на САД рече дека целта е да се нагласи посветеноста на Вашингтон кон украинската нација

Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека размислува да испрати високо официјално лице во посета на Украина, со цел да ја нагласи посветеноста на Вашингтон кон украинската нација.

На прашањето дали ќе испрати официјално лице, Бајден одговори: „Таа одлука ја носиме сега“.

На почетокот на неделава портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, рече дека Бајден не планира лично да ја посети Украина.

Британскиот премиер Борис Џонсон неодамна беше во ненадејна посета на главниот град на Украина, како некои други европски лидери.

Бродот „Москва“, предводникот на руската црноморска флота потона по, како што рече Киев, украински ракетен напад, нанесувајќи ѝ го на Русија еден од најтешките удари.

Киев соопшти дека го погодил крстосувачот со проектили истрелани од брегот. Русија не го потврди нападот, но рече дека бродот потонал додека бил зафатен од пожар предизвикан од експлозија на муниција.

Москва соопшти дека повеќе од 500 морнари се евакуирани.

Иако Русија не призна дека украински проектили го погодиле бродот, рано денес ја погоди фабриката во Киев која произведува противбродски ракети, како очигледна одмазда.

XS
SM
MD
LG