Линкови за пристапност

Ракетиран украинскиот град Лавов; се интензивираат нападите


Напади врз Лавов
Напади врз Лавов

Официјални лица во западна Украина изјавија дека при ракетни напади врз Лавов во понеделникот, загинале најмалку шест лица во градот кој ги избегна интензивните напади од руската инвазија што започнаа пред речиси два месеци. Регионалниот гувернер на Лавов, Максим Козицки, рече дека три проектили погодиле локации на воена инфраструктура, додека друг погодил продавница за поправка на автомобилски гуми. Напорите за евакуација на цивилите од областите каде се војува беа прекинати втор ден по ред во понеделникот.

„Со кршење на меѓународното хуманитарно право, руските окупатори не престанаа да ги блокираат и гранатираат хуманитарните рути“, објави вицепремиерката Ирина Верешчук во изјавата на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили дека се впуштаат во „намерен терор“ со минофрлачки и артилериски напади врз станбени населби во Харков, додека украинските сили во јужниот град Мариупол му пркосат на рускиот рок да го положат оружјето. Зеленски, во видео обраќање доцна во неделата, рече дека очекува Русија да започне офанзива во источниот регион Донбас „во блиска иднина“. Руското повлекување на своите сили од областите околу главниот град на Украина, Киев, и другите делови на северот во последните недели поттикна оценки од западните воени претставници дека Русија ги засилува и прераспоредува силите во источна Украина.

Руското повлекување на своите сили од областите околу главниот град на Украина, Киев, и другите делови на северот во последните недели поттикна оценки од западните воени претставници дека Русија ги засилува и прераспоредува во источна Украина.

Заземањето на регионот Донбас, кој ги опфаќа Луганск и Доњецк, заедно со пристанишниот град Мариупол на југ, ќе и овозможи на Русија да го контролира копнениот коридор до полуостровот Крим, кој го зазеде во 2014 година. Зеленски, во интервју за Си-Ен-Ен снимено во петокот и емитувано во неделата, рече дека за Украина битката за Донбас ќе биде критична и дека ако Русија ја заземе областа, може уште еднаш да се обиде да го заземе Киев.

„...За нас е многу важно да не им дозволиме, да застанат на нашата земја, бидејќи оваа битка, може да влијае на текот на целата војна“, рече Зеленски. Русија ги повика преостанатите борци во Мариупол да се предадат, велејќи дека ги контролира урбаните области на градот, додека околу 2.500 украински војници и 400 платеници остануваат во големата фабрика за челик Азовстал. Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави за програмата „Оваа недела“ на Еј-Би-Си дека силите на земјата „ќе се борат до крај“ во Мариупол.

Зеленски во своето обраќање во неделата вечерта рече дека западните земји треба да ги зголемат санкциите против Русија, вклучително и активности насочени кон рускиот нафтен и банкарски сектор.

„Сите во Европа и Америка веќе гледаат дека Русија отворено користи енергија за да ги дестабилизира западните општества“, рече Зеленски. „Сето ова бара поголема брзина од западните земји во подготовката на нов, моќен пакет санкции“, оцени тој.

Шпанскиот премиер Педро Санчез во понеделникот во интервју за ТВ Антена3 изјави дека неговата влада наскоро повторно ќе ја отвори својата амбасада во Киев како знак на поддршка за украинскиот народ.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG