Линкови за пристапност

Руски интелектуалци во егзил: Путин е диктатор, тој не е лицето на Русија


Борис Акунин, писател и сосоновач на „Вистинска Русија“, организација од руски интелектуалци и уметници во егзил
Борис Акунин, писател и сосоновач на „Вистинска Русија“, организација од руски интелектуалци и уметници во егзил

„Вистинска Русија“ е нова организација составена од руски интелектуалци во егзил. Нивна цел, како што велат, е да му покажат на светот дека Путин е диктатор и дека тоа што тој го прави не е вистинската Русија. Рафаел Сааков , разговараше до еден од основачите на организацијата.

Путин не е лицето на вистинската Русија. Тоа што сега го гледаме е земја окупирана од диктатор. Така вели Борис Акунин, руски писател што од 2014 година живее во егзил.

„Сето ова е поради еден човек на кој му се случуваат чудни процеси во главата. Судбината на 140 милиони Руси зависи од тие процеси. Од тоа зависи судбината на несреќната Украина и воопшто судбината на целиот свет“, вели Акунин.

Руски интелектуалци бараат нова Русија, без Путин
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Писателот Акунин е дел од група руски интелектуалци кои во март годинава основаа меѓународна организација наречена „Вистинска Русија“. Нивната главна идеологија е да запре инвазијата на руската армија, да му се помогне на украинскиот народ и да се крене гласот против актуелната политика на Кремљ.

Тоа е Русија, окупирана од криминална банда. А вистинската Русија е нормален народ кој сака слободна, демократска земја и се придржува до универзалните човечки вредности

„Во оваа ситуација решивме да го потсетиме светот дека Путин не е Русија. Дека вистинската Русија е антивоена демократска земја и голема култура. Вистинската Русија е земјата на Пушкин, Достоевски, Чехов, Сахаров, а не Сталин и Путин“, истакнува Акунин.

Организацијата ја сочинуваат руски интелектуалци, уметници, бизнисмени. Тие заминале од нивната татковина поради притисоци од тамошниот режим. Акунин ја напуштил Русија после анексијата на Крим.

„Заминав затоа што по анексијата на Крим ми стана јасно дека е поставен курс на доживотната диктатура на Путин. Не сакав да живеам во земја која беше осудена да биде доживотна диктатура“.

Сепак, вели дека дел од вината лежи и кај самите руски граѓани зашто, како што истакнува, дозволиле луд диктатор да ја преземе власта во земјата.

„Гледаме што прави армијата на Путин. Наша работа е да кажеме дека тоа не е вистинската Русија.. Тоа е Русија, окупирана од криминална банда. А вистинската Русија е нормален народ кој сака слободна, демократска земја и се придржува до универзалните човечки вредности“.

За Путин вели дека е закана за светскиот мир и дека решението за ослободување од таа закана е кај самите руски граѓани. Сепак, притисокот од властите е сè уште силен.

„Многу луѓе ги споделуваат нашите ставови. Но, тие се замолчени зашто таму почна лов на вештерки. Но, во еден момент, тие што сега се прогласени за пропаганда, ќе излезат на улица. Тоа е неизбежно. Секогаш се случува“.

Треба да го покажеме нашиот став, да покажеме дека нè има многу. И, треба да размислиме како да изградиме нова Русија, по Путин
Борис Акунин

Додава и дека Кина е битен играч во сегашната ситуација.

„Не сум политичар, но имам чувство дека режимот ќе се одржи сè додека смета на поддршката на Кина. Ако ја нема таа поддршка, веднаш ќе почне да ползи назад. Без Кина, економијата на Путин не може да ги издржи санкциите“, истакнува Акунин.

Здружените руски интелектуалци укажуваат дека треба да се размислува за нова констелација на Русија, без Путин.

„Што треба да направиме ние. Треба да го покажеме нашиот став, да покажеме дека нè има многу. И, треба да размислиме како да изградиме нова Русија, по Путин“.

Организацијата „Вистинска Русија“ упати и апел до руските граѓани низ светот, да донираат за помош на бегалците од Украина. За неполн месец била собрана донација од речиси милион фунти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG