Линкови за пристапност

Најмалку седум мртви при нападите во Лавов, соопштија украински официјални лица


Регионалниот гувернер на Лавов Максим Козисткиј рече дека три проектили ја погодиле воената инфраструктура, додека друг удрил во продавница за поправка на автомобилски гуми
Регионалниот гувернер на Лавов Максим Козисткиј рече дека три проектили ја погодиле воената инфраструктура, додека друг удрил во продавница за поправка на автомобилски гуми

Официјални лица во западна Украина изјавија дека при денешните ракетни напади во Лавов загинале најмалку седум луѓе.

Регионалниот гувернер на Лавов Максим Козисткиј рече дека три проектили ја погодиле воената инфраструктура, додека друг удрил во продавница за поправка на автомобилски гуми.

На други места во земјата, напорите за евакуација на цивили од конфликтните области денес беа прекинати втор ден по ред.

„Со кршење на меѓународното хуманитарно право, руските окупатори не престанаа блокирање и гранатирање на хуманитарни рути“, рече вицепремиерката Ирина Верешчук во соопштението на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили за „намерен терор“ со минофрлачки и артилериски напади врз станбени населби во Харков, додека украинските сили во јужниот град Мариупол не го прифатија рускиот рок да го положат оружјето.

Зеленски, во видеообраќање доцна вчера, рече дека очекува Русија да започне офанзива во источниот регион Донбас „во блиска иднина“.

Руското повлекување на своите сили од областите околу главниот град на Украина Киев и други делови од северот во последните недели, поттикна реакција кај западните воени претставници, кои сметаат дека Русија ги засилува и прераспоредува силите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG