Линкови за пристапност

Снемува основни залихи во делови на Украина, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст


Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од два милионa луѓе ја напуштиле Украина во соседните Полска, Молдавија, Романија, Унгарија, Словачка и други европски земји
Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од два милионa луѓе ја напуштиле Украина во соседните Полска, Молдавија, Романија, Унгарија, Словачка и други европски земји

Обединетите нации (ОН) и меѓународните хуманитарни агенции, повикуваат на прекин на нападите во Украина како што расте бројот на цивилни жртви и се` повеќе луѓе бегаат во соседните земји.

Последните податоци на ОН велат дека бројот на цивилни жртви е 1.335, вклучувајќи 474 загинати и 861 повредени.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, која ги ги пресметува бројките, верува дека вистинскиот број на жртви е многу поголем од она што е забележано.

Шефицата за права на ОН Мишел Башелет, го повтори повикот за брз и мирен крај на конфликтот кој, според неа, предизвика хуманитарна криза.

Таа вели дека повеќето од жртвите се од воздушни напади и експлозивно оружје што го користеле руските сили, нагласувајќи дека тешката артилерија и повеќе ракетни системи кои се користат во многу градови оштетиле и уништиле стотици станбени згради.

„Ние сме вознемирени од бројните извештаи за закани и вистинска штета врз новинарите. Исто така, загрижени сме од извештаите за произволно притворање за наводни проукраински луѓе во областите кои неодамна беа под контрола на вооружените групи на истокот, како и од извештаите за насилство врз оние кои се сметаат за проруски на териториите контролирани од украинската влада“, рече Тросел.

Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од два милионa луѓе ја напуштиле Украина во соседните Полска, Молдавија, Романија, Унгарија, Словачка и други европски земји.

Сепак, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, вели дека стотици илјади луѓе, заглавени во пристанишниот град Мариупол, не можат да побегнат.

„Ние сме подготвени да дејствуваме во однос на нашата неутрална посредничка улога за да го олесниме безбедното поминување на цивилите надвор од градот. Но, суштината денес е дека оваа ситуација е навистина апокалиптична за луѓето. Се влошува. Им снемува основни залихи“, вели Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Рускиот предлог за создавање „хуманитарни коридори“ за да им се овозможи на луѓето безбедно да го напуштат Мариупол пропадна откако не беше испочитуван договорот за прекин на огнот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека дополнителни коридори за евакуација ќе бидат отворени во Чернихив, Харков и Мариупол.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја обвини Русија дека држи 300.000 луѓе „заложници во Мариупол“ и дека спречува хуманитарна евакуација.

Агенциите за помош велат дека приоритетните потреби вклучуваат итни засолништа, здравствена заштита, храна, вода и санитација и психосоцијална поддршка за да им се помогне на луѓето да се справат со она што групите за помош го нарекуваат епидемија на траума и тага.

XS
SM
MD
LG