Линкови за пристапност

Јуниорскиот тениски центар во Мериленд создава успешни натпреварувачи


Јуниорскиот тениски центар во Мериленд создава успешни натпреварувачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Прв пат после 20 години имаше двајца американски полуфиналисти на турнирите во машка и во женска конкуренција на УС Опен. Еден од нив беше Френсис Тиафо, играч на Јуниорскиот тениски шампионски центар во Колеџ Парк, Мериленд. Известуваат Рафаел Сааков и Карина Бафраџијан. .

Овде, на терените на Јуниорскиот тениски шампионски центар во Колеџ Парк, Мериленд, тогаш четиригодишниот Френсис Тиафо научи како да игра тенис. Тиафо, кој е син на имигранти од Сиера Леоне и неговиот брат близнак Френклин, поминувале часови вежбајќи овде неколку дена во неделата.

Нивниот татко, кој помогнал во изградбата на центарот, подоцна се вработил како чувар. Повеќе од една деценија семејството Тиафо спиеше во една од канцелариите, се сеќава еден од неговите тренери, Алисама Агнамба.

„Кога за првпат дојдов овде пред 20-ина години, таткото на Френсис работеше тука, а Френсис автоматски почна да игра тенис како младо момче и тој оттогаш се заљуби во“, вели Агнамба.

Тиафо измина долг пат, а пласманот во полуфиналето на УС Опен беше негов втор во Њујорк и воопшто на Грен слем турнирите. Тој е само четвртиот американски тенисер од 2000 година кој успеал да го стори тоа – по Андре Агаси, Пит Сампрас и Енди Родик.

Пред две години, кога Тиафо го победи Шпанецот Рафаел Надал, тој стана првиот Афроамериканец кој се пласираше во полуфинале на УС Опен по Артур Еш во 1972 година. Тиафо го направи тоа на главниот терен кој го носеше името на Еш.

„Очигледно беше дека тој е огромен талент додека бев овде. Слушам многу пофалби од тренерите што работеа со него”, вели Ајша Хендерсон, поранешна помошник-тренер.

Додека на женските турнири, сестрите Серена и Венус Вилијамс долго време го поставија победничкиот тон, има помалку такви талентирани играчи меѓу Афроамериканците. Дури и сега и покрај светската слава и како еден од главните ликови на документарните серии на Нетфликс за тенисерите наречени „Точка на прекин“, Тиафо – моментално рангиран на 20-то место во светот – не го заборава местото од каде започна се.

„Ова е домот на Френсис. Тој секогаш е тука. Кога е во Мериленд, тука го поминува времето. Сака да доаѓа овде, да игра со некои од нашите врвни јуниори и да потпишува автограми за младите", вели Агнамба.

Помладите играчи велат дека е неверојатно да се дружите со познатиот тенисер на Јуниорскиот тениски шампионски центар во Колеџ Парк, Мериленд.

„Тој е навистина добра инспирација за сите во академијата. Кога ќе дојде, сите доаѓаат да го видат како тренира. Тој е секогаш многу позитивен за сите!“, посочува тенисерот Леган Томас.

„Секој може да види дека се забавува на теренот и многу е возбудливо да се гледа како игра. Тој е одлично момче!”, додава тенисерката Калиста Пападопулос.

Инспирирајќи ја следната генерација, притоа додавајќи на сопственото наследство, Тиафо се уште ги следи своите соништа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG