Експертите велат дека алармот е вклучен, бизнис секторот бара од Владата да биде медијатор и да не зазема страна. Бројките велат дека во 2023 година големите ланци маркети имале чист профит од 35 милиони евра а нето профитните маржи се движеле од 1,5 до 11,7 проценти.
Новото време, новите технологии, новите комуникации, новиот начин на размислување и новите алатки што се нудат, покажаа потреба за измени на Кодексот на новинарите на Македонија за етичко известување“, вели Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
Граѓаните ќе им покажат „црвен картон“ на маркетите. Во 2023 година големите ланци маркети пријавиле профит од 1,4 милиони до 10,3 милиони евра. Маржите кај некои ланци маркети е 37 отсто а кај неколку меѓу 12 и 15 отсто. Во петок ќе се бојкотира и во Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани неодамна ја посети Украина. Во интервју за Глас на Америка вели дека пристапот на Северна Македонија кон украинското прашање ќе биде во согласност со ставот на партнерите во Брисел и од Вашингтон
Од почетокот на годинава регистрирани се 13 заболени лица од ковид-19, додека во декември имало намалување за 50 отсто, во споредба со ноември. Досега се земени 707 материјали, за тестирање, со цел утврдување на присуство на вирусот.
Ако Уставниот го поништи законот парите – речиси 50 милиони евра ќе се враќаат од Буџет а премиерот Мицкоски смета дека треба да се испитува евентуална одговорност при носењето на овој закон. Бизнис секторот е дециден дека законот мора да се поништи а собраните пари да се вратат.
Вчитај повеќе