Од нејзиното учество на собирот во Давос, претприемачката Ѓорчева од Свети Николе носи сознанија и искуства што ја убедиле дека сопственото унапредување е инвестиција за успех. Смета дека може да се успее и без заминување од државата.
Челичната индустрија на САД гледа шанса за себе со новите увозни царини. Но, американските мали бизниси се во очекување на можните ефекти од воведувањето 25 отсто царина за увезениот челик и алуминиум. Известува Мишел Квин.
Инфлацијата во САД се зголеми во јануари како што цените на храната, горивата и домувањето, меѓу другото, продолжија да растат. Разговаравме со економисти за тоа што може да направи администрацијата на Трамп за да ги намали цените. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.
Ограничени маржи ќе има до 30 април. И Синдикатот денес ја објави минималната синдикална кошничка која за само еден месец чини 521 денар повеќе. ССМ повторно го впери прстот во трговците а владините мерки ги оцени како позитивни
Комората на трговците на големо и мало сметаат владините одлуки се избрзани и прават штета но и дека нема социјална компонента во истите. Од Владата децидни, одлуките се донесени на база на анализа а средба ќе има доколку добијат официјално барање со наведени причини
Извозот на дел од македонските земјоделски производи наидува на тешкотии после затворање на дел од пазарот поради војната во Украина. Експерти укажуваат дека може да се биде конкурентен и на западноевропскиот пазар, но неопходни се високи стандарди за поголем извоз кон ЕУ.
Очекуваме да е поевтино, но во однос на балканските и европските земји, нашите цени се многу високи. Нашите плати се најниски и на Балканот, негодува жителка на Охрид
Последната епидемија на птичји грип доведе до повисоки цени на јајцата во САД. Додека трговците и потрошувачите го чувствуваат поскапувањето, еден фармер гледа можност ако успее да дојде до неколку здрави кокошки. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.
Вчитај повеќе