Се зголемува одзивот за овие претседателски избори во споредба со 2019 – разликата е 9 проценти, информираше ДИК на попладневната прес-конференција. Одзивот до 17 часот изнесува нешто над 44 отсто. Автор: Владимир Мирчески
Зголемена излезност во првата половина од изборниот ден. Одзивот е значително поголем ако се спореди со претседателските избори од пред пет години. Автор: Владимир Мирчески
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вели дека е шокиран од реакциите од Србија по неговата изјава дека земјава, заедно со уште 16 други држави, ќе биде коспонзор на резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Симулацијата, што е невобичаен почеток за една изборна трка, резултираше со избор на Зијадин Села за претседател на парламентот, инаугурација на Бујар Османи за нов шеф на државата и усвоени измени на Уставот за внесување на Бугарите. Повеќе од Владимир Мирчески од Скопје.
Во Собранието не се појавија сите претставници на 17 политички партии и коалиции кои ќе учествуваат на парламентарните избори, а и од тие што дојдоа не сите го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
И покрај фактот дека состојбата на Блискиот Исток засега е стабилна, Министерството за надворешни работи апелира до македонските државјани да бидат во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва во регионот, да остават свои телефонски броеви и внимателно да ја следат ситуацијата.
Армијата со најголема, а судството и обвинителството со најмала доверба кај граѓаните. Тоа се наодите во истражувањето на јавното мислење на „Евротинк“ спроведено до средината на февруари на примерок од 1 000 испитаници.
Министерот, кој е кадар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повтори дека одговорноста ја гледа кон владата зашто таа, како што вели, не му дозволила, како што е законски утврдено, да назначи началници на секторите за внатрешни работи на територијата на целата земја.
Во пресрет на официјалниот старт на кампањата за претседателските избори првите луѓе на подмладоците на 42 политички партии ја потпишаа Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза, практика која е воспоставена уште во 2014. Детали од Владимир Мирчески во Скопје.
Вчитај повеќе