Линкови за пристапност

Во мирна атмосфера минува денешното прегласување


Прегласување во Струга
Прегласување во Струга

Во мирна атмосфера, без посериозни проблеми и со релативно низок одзив – така поминува денешното прегласување на седум избирачки места за парламентарните избори. Станува збор за шест места во петата изборна единица – по две во Долнени и во Крушево, по едно во Охрид и во Струга, а во шестата изборна единица се прегласува на едно избирачко место во Желино. Сите седум места се со вкупно 4.513 запишани избирачи.

„Гласањето се одвива мирно и тивко. Се тече без проблеми. Нема ниту еден приговор. Нема ниту еден технички проблем“, рече Минир Жута, претседател на општинската изборна комисија во Струга.

Прегласување на седум места со вкупно 4.513 запишани избирачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

„Гласањето во избирачкото место во Охрид, во Основното училиште, Христо Узунов тече без никакви проблеми“, рече Предраг Спасојевиќ, потпретседател на општинската изборна комисија во Охрид.

Истото го потвруваат и набљудувачите на изборниот процес.

„Гласањето, според досегашните извештаи се одвива без проблеми“, вели Џабир Дерала.

Во првата поливна од денот излезноста беше над 25 проценти, а се очекува да се зголеми до затворањето на избирачките места.

Прегласување Струга - Охрид
Прегласување Струга - Охрид

Резултатите од денешното прегласување може да влијаат врз конечниот распоред на силите во парламентот кои засега се – 58 пратенички мандати за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 19 за „Европскиот фронт“ на ДУИ, 18 мандати за СДСМ и коалициските партнери, 13 има коалицијата „ВЛЕН“ и по шест мандати ЗНАМ и Левица.

Денешниот епилог може најмногу да ја погоди ДУИ која е во опасност да остане без два мандата, а СДСМ да прокнижи еден повеќе. Но, на мандат плус се надеваат и во ВМРО-ДПМНЕ, и во „ВЛЕН“, извесните коалициски партнери во идната влада.

XS
SM
MD
LG