Кинеските власти ги затворија канцелариите на американската компанија „Минц Груп“ во Пекинг

Mintz Group е мултинационална компанија со 18 канцеларии, вклучително и во Вашингтон, која спроведува истраги и проверки при вработувања.

Mintz Group е мултинационална компанија со 18 канцеларии, вклучително и во Вашингтон, која спроведува истраги и проверки при вработувања.

Кинеските власти ги затворија канцелариите на американската компанија „Mintz Group“ во Пекинг и приведоа пет нејзини вработени.

Вработените се сите кинески државјани.

Во изјавата испратена до Ројтерс, „Mintz Group“ рече дека „не добила никакво официјално правно известување во врска со случајот против компанијата и побара од властите да ги ослободат нејзините вработени“.

Mintz Group е мултинационална компанија со 18 канцеларии, вклучително и во Вашингтон, која спроведува истраги и проверки при вработувања.

Затворањето на нејзината канцеларија во Пекинг доаѓа во напнат момент во американско-кинеските односи.

Минатиот месец, САД соборија, како што велат, кинески шпионски балон над територијата на САД.

Кина инсистира дека балонот бил уред за следење на времето за подетална метеоролошката состојба.