Линкови за пристапност

Кинескиот шпионски балон имал ознаки на Кинеските сили за стратешка поддршка


Кинескиот шпионски балон што леташе над Соединетите Држави на почетокот на оваа година ги имаше наменските ознаки на операцијата на Кинеските сили за стратешка поддршка (ССФ), малку позната хибридна гранка на Народноослободителната армија која вклучува елементи на сајбер, електронски, вселенски и психолошки војување.

Основана на последниот ден од 2015 година како дел од реструктуирањето на вооружените сили воведено во почетокот на владеењето на кинескиот лидер Шји Џјинпинг, ССФ нема точен пандан во ниту една друга земја, рече Дин Ченг, висок советник за Кина во Американскиот институт за мир и долгогодишен чувар на кинеската војска.

„Силите за стратешка поддршка ги собраа кинеските електронски воени сили, кинеските мрежни воени сили, кои вклучуваат, но не се ограничени на сајбер, и елементи на кинеските вселенски сили“, изјави Ченг за Гласот на Америка во неодамнешното телефонско интервју.

„Интересно е што ја носи и базата 311, која е одговорна за политичко војување“, додаде Ченг.

„Она што го имате е сила посветена да се осигура дека протокот на информации на непријателот е попречен а, во исто време, самиот кинески проток на информации е непречен“, додаде Ченг.

XS
SM
MD
LG