Шји денеска рече дека го поканил Путин да ја посети Кина подоцна оваа година.
Во воведните зборови пред нивните разговори зад затворени врати во понеделникот, Путин рече дека Русија „малку завидува“ на брзиот развој на Кина во последните децении што ја поттикна да стане втора по големина економија во светот зад Соединетите држави.
Руските новински агенции подоцна објавија дека двајцата лидери разговарале речиси четири и пол часа пред да заминат на вечера, каде што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рекол дека Путин најверојатно ќе му даде на Шји „детално објаснување“ за акциите на Москва во Украина.
Путин вчера рече дека со почит гледа на мировниот план на Пекинг.
Но, предлогот на Кина има мали шанси да се усвои како што е предложено, бидејќи не ги исполнува клучните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски - имено, Русија да се повлече од Украина за да ги почитува нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Кримскиот Полуостров што Москва незаконски го анектираше во 2014 година како и источните украински региони кои руските сили ги нападнаа во февруари минатата година.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави за новинарите во Вашингтон во понеделникот дека секој предлог за Украина што ќе им дозволи на руските сили да останат во земјата само ќе и дозволи на Москва да ја поврати својата сила за да продолжи со офанзивата.
„Повикувањето на прекин на огнот што не вклучува отстранување на руските сили од украинска територија, всушност ќе биде поддршка за ратификација на руското освојување“, рече тој.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, го повика Шји „директно да изврши притисок врз претседателот Путин за потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.