Владите ги повикуваат Соединетите американски држави и Иран да преземат чекори за смирување на тензиите по серијата напади врз меѓусебни цели во Ирак.
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб,го осуди ракетниот напад на Иран врз две ирачки бази во кои се наоѓаат американски и коалициони сили, вклучително и британски трупи.
„Го повикуваме Иран да не ги повтори овие непромислени и опасни напади и наместо тоа да преземе итна деескалација“, рече Раб.
Тој додаде дека војна во регионот ќе биде во полза само на Исламската држава.
Портпаролот на јапонската влада, Јошихиде Суга, изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот исток и ги повика сите вклучени нации да вложат какви било дипломатски напори со цел подобрување на односите.
Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Анвар Гаргаш, рече дека е неопходно регионот да се повлече од, како што рече, „тековните загрижувачки тензии“.
„Смирувањето на тензиите е мудар и неопходен чекор. Мора да се следи политички пат кон стабилноста“, порача Гаргаш.