Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска нареди ракетен напад во кој загина командантот на силите на иранската Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани, на меѓународниот аеродром во Багдад.
Во соопштение на Пентагон непосредно по нападот се вели дека претседателот наредил напад со цел да ги одврати „идните ирански планови за напад“.
Во изјавата на Пентагон се вели дека генералот Солејмани активно развивал планови за напад врз американски дипломати и службеници во Ирак и во целиот регион.
Во соопштението се вели дека генералот Солејмани и неговата гарда се одговорни за смртта на стотици членови на американската служба и коалицијата и за нанесени повреди на илјадници други.
Пентагон не даде детали за ракетниот напад. Но, според ирачките извештаи ракетата го погодила конвојот во кој бил генералот во близина на аеродромот.
Антивладините демонстранти со собраа во центарот на Багдад со мешани реакции по убиството на иранскиот врховен генерал.
Иранската државна телевизија објави дека министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф го окарактеризирал убиството на иранскиот врховен генерал како чин на „државен тероризам“.
Facebook Forum