Линкови за пристапност

Трамп: Генералот Солејмани сееше омраза, одамна требаше да биде ликвидиран


Го обвини командантот на Револуционерната гарда на Иран за смртта на илјадници Американци, и оти негово отстранување требало да се изврши многу порано

Претседателот Трамп го бранеше американскиот воздушен напад во кои беше убиен еден од најмоќните ирански генерали, при што ги отфрли заканите од Техеран дека ќе возврати со жестока одмазда.

Во неговите првични оценки откако американски официјални одбранбени лица потврдија дека биле извршени воздушни напади во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад, Трамп го обвини командантот на Револуционерната гарда на Иран за смртта на илјадници Американци, и оти негово отстранување требало да се изврши многу порано.

Генералот Касем Солејмани има убиено или потешко повредено илјадници Американци за време на поголем период и има планирано уште многу напади“, напиша Трамп на Твитер.

„Солејмани сееше омраза и страв“, додаде претседателот. „Одамна требаше да биде ликвидиран“, се огласи првиот човек на САД.

[[https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1213096351296299017]]

[[https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1213096352072294401]]

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG