Линкови за пристапност

Еспер: САД се подготвени за превентивна акција за спречување напади врз американски сили


Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека САД се подготвени да преземат „превентивна“ воена акција за да спречат идни напади врз американските сили.

Еспер во порака на Твитер вчера напиша дека „играта се смени и ние сме подготвени да го направиме она што е неопходно за да ги браниме нашиот персонал, нашите интереси и нашите партнери во регионот“.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во говор на државната телевизија ги осуди нападите од страна на САД.

И покрај конфликтот, Трамп во вторникот изјави дека не гледа дека демонстрациите ескалираат во војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG