Линкови за пристапност

Повици за воздржаност, но и за одмазда по убиството на генералот Солејмани


По убиството на командантот на силите на иранската Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани, на меѓународниот аеродром во Багдад следат реакции со повици и за воздржаност и за одмазда.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф го окарактеризира убиството на иранскиот врховен генерал како чин на „државен тероризам“.

Министерството за одбрана на САД излезе со аргументи дека Солејмани „активно развивал планови за напад врз американски дипломати и службеници во Ирак и во целиот регион“. Генералот беше клучен воен стратег за Иран.

„Мачеништвото на Солејмани ќе го направи Иран поспособен да се спротивстави на експанзионизмот на Америка и да ги брани нашите исламски вредности“, се вели во изјавата на иранскиот претседател Хасан Рухани. „Без сомнение, Иран и другите земји што бараат слобода во регионот ќе се одмаздат“.

Мошен Резаи, поранешен командант на Иранската револуционерна гарда, рече дека ќе следи „силна одмазда кон Америка“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG