Линкови за пристапност

Во стампедо на погребот на Солејмани загинаа 50 луѓе


Во стампедо кое настана за време на погребот на иранскиот генерал Касем Солејмани 50 лица ги загубија животите, а повеќе од 200 лица се повредени, јавија иранските државни медиуми.

Десетици илјади луѓе се собраа на погребот на Солејмани во неговиот роден град Керман откако слични церемонии претходно се одржаа во Техеран, Ком и Ахваз. Според извештаите на државните медиуми, погребувањето било одложено по стампедото.

Многумина повикуваа на одмазда против Соединетите американски држави поради убиството на Солејмани во напад со беспилотно летало минатата недела на аеродромот во Багдад по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Убиството на Солејмани предизвика стравувања од поширок конфликт бидејќи САД и Иран упатија заканија и предупредувања едни кон други.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG