Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, денес одржа втор ден разговори со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, додека САД притискаат против Израел да започне копнена офанзива во Рафа.
Состанокот во Белата куќа се случи еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја блокираше израелска делегација да се сретне со американските колеги, откако САД дозволија резолуцијата на ОН, со која се бара примирје во Газа, да се одобри со воздржување да гласа за неа.
Бајден се обидува да го спречи Израел да започне копнена офанзива во градот Рафа, во јужниот дел на Газа, поради тешките хуманитарни услови таму и ризикот од цивилни жртви.
Рафа е последното прибежиште за околу половина од 2,3 милиони граѓани на Газа, од кои многу се принудени да се соберат таму поради борбите на друго место.
Повеќе од 32.000 луѓе се убиени во Газа, проценуваат палестинските власти, откако Израел започна операција таму како одговор на милитантите на Хамас, кои убија 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, рече дека Саливан ветил „железна“ поддршка од САД за Израел и дека двајцата официјални лица разговарале за потребата Израел „да направи повеќе за одржување и проширување на хуманитарната помош во Газа“.
„Критично е Израел да направи се` што е можно за да спречи цивилни жртви и да ги спроведе операциите што е можно постратешки и прецизно, и да ги таргетира операциите за заштита на цивилите во Рафа“, рече таа.
Бајден во Северна Каролина, беше накратко прекинат од демонстрантите кои извикуваа за потребата од зголемување на помошта во Газа.
„Тие имаат поента. Треба да обезбедиме многу поголема грижа за Газа“, рече Бајден.
Американските власти со недели се обидуваат да преговараат за ослободување на болни, постари и ранети заложници кои ги држи Хамас, во замена за шестнеделен прекин на огнот и ослободување на некои палестински затвореници.
Американски официјален претставник во понеделникот рече дека е постигнат напредок во последните денови во преговорите.