Линкови за пристапност

Блинкен во Израел во обид да издејствува прекин на огнот во Газа

Во Израел, Блинкен „ќе разговара за потребата да се обезбеди пораз на Хамас, вклучително и во Рафах, на начин што ќе го заштити цивилното население, нема да ја попречува испораката на хуманитарна помош и ќе ја унапреди севкупната безбедност на Израел“, според Стејт департментот.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во петок заминува за Израел во обид да обезбеди прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас додека Советот за безбедност на ОН се подготвува да гласа за нацрт-резолуцијата на САД со која се повикува на „итно“ примирје.

Во Израел, Блинкен „ќе разговара за потребата да се обезбеди пораз на Хамас, вклучително и во Рафах, на начин што ќе го заштити цивилното население, нема да ја попречува испораката на хуманитарна помош и ќе ја унапреди севкупната безбедност на Израел“, според Стејт департментот.

Соединетите држави се спротивставија на планот на Израел да изврши копнена офанзива во Рафах, лоцирана долж границата Газа-Египет, за која Израел вели дека е неопходна за да ја постигне својата цел да го порази Хамас и да се осигура дека терористичката група назначена од САД не може да изврши друга напад како нападот на Израел на 7 октомври.

Се очекува САД во петок да поднесат нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН, која „недвосмислено ќе ги поддржи тековните дипломатски напори насочени кон обезбедување итен прекин на огнот во Газа како дел од договорот за заложници“, изјави портпаролот на американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд.

Американските власти преговараа за текст кој се фокусира на шестнеделен прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за палестинските затвореници кои ги држеше Израел.

XS
SM
MD
LG