Линкови за пристапност

Советот за безбедност на ОН побара прекин на огнот во Газа


САД беа воздражни, што овозможи резолуцијата да помине
САД беа воздражни, што овозможи резолуцијата да помине

Советот за безбедност на ОН денес го прекина неколкумесечниот ќор-сокак и усвои резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

„Ова мора да биде пресвртница. Ова мора да доведе до спасување животи на теренот“, изјави пред Советот палестинскиот претставник во ОН Ријад Мансур.

„Ова мора да го сигнализира крајот на овој акт на злосторства против нашиот народ“.

Резолуцијата бара итен прекин на огнот за месец Рамазан, кој е на половина, „што ќе доведе до траен одржлив прекин на огнот“.

Исто така, бара итно и безусловно ослободување на сите заложници, укинување на сите бариери за обезбедување поголема хуманитарна помош и заштита на цивилите во Газа.

САД беа воздражни, што дозволи резолуцијата да помине.

Ова беше осми пат Советот да се обиде да договори резолуција за прекин на огнот, а тоа беше поздравено со аплауз во преполната сала на советот.

Амбасадорката Линда Томас-Гринфилд рече дека Вашингтон се воздржува бидејќи, иако некои од нивните предлози биле земени предвид, текстот не вклучувал осуда на Хамас - големо барање на САД во текот на повеќемесечните преговори за претходните неуспешни обиди за резолуција за прекин на огнот.

„Сепак, како што реков претходно, ние целосно поддржуваме некои од критичните цели во оваа необврзувачка резолуција. И ние веруваме дека е важно Советот да проговори и јасно да каже дека секој прекин на огнот мора да дојде со ослободување на сите заложници“, рече таа.

Резолуциите на Советот за безбедност на ОН се дел од меѓународното право, па не беше веднаш јасно зошто таа верува дека не е обврзувачка.

Другите членови на советот повторија дека одлуките на Советот се обврзувачки и задолжителни.

Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG