САД ја одобрија обновената ковид вакцина на „Новавакс“

Администрацијата за храна и лекови на САД денес соопшти дека одобрила обновена верзија на вакцината против ковид-19 на „Новавакс“ за итна употреба кај лица на возраст од 12 години и постари.

Компанијата со седиште во Мериленд усвои мерки за намалување на трошоците и смета на комерцијални продажби на ажурираните вакцини за да ѝ помогнат да остане во живот.

Компанијата рече дека можеби нема да може да остане во функција инаку.

Директорот на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) минатиот месец потпиша широка употреба на конкурентните ковдид вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“.

Овие вакцини базирани на mRNA се препорачуваат за употреба кај луѓе на возраст од шест месеци па нагоре за време на есенската кампања за вакцинација во САД.