САД забранија увоз на нафта и гас од Русија, најави претседателот Бајден

Претседателот на САД рече дека разбира оти многу од европски сојузници и партнери можеби нема да бидат во позиција да им се придржат на САД во оваа мерка

САД забранија увоз на руски нафта и гас, рече претседателот Џо Бајден поради инвазијата на Украина.

Бајден рече дека за ова постои силна двопартиска поддршка во Конгресот.

„Американците собраа поддршка за да го поддржат нивниот украински народ“, рече Бајден.

Тој додаде дека ја донел оваа одлука „во тесна консултација со нашите сојузници и нашите партнери ширум светот, особено во Европа. Затоа што обединетиот одговор на агресијата на Путин беше мојот главен фокус да ги одржам НАТО, ЕУ и нашите сојузници целосно обединети“.

Бајден рече дека разбира оти многу од европски сојузници и партнери можеби нема да бидат во позиција да им се придржат на САД во оваа мерка.

„Но, ние тесно соработуваме со Европа и нашите партнери за да развиеме долгорочна стратегија за намалување на нивната зависност од руската енергија. Нашите тимови активно разговараат како тоа да се случи. Остануваме обединети во нашата цел“, изјави Бајден предмалку на прес-конфереција во Белата куќа.