Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата повтори дека „нема замена за победата“, велејќи му на неговиот кабинет дека Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас во Газа додека милитантите не бидат поразени, а 120 заложници држени од Хамас, и мртви и живи, бидат вратени.
Тој рече дека војната, долга речиси девет месеци, ќе продолжи „додека не ги постигнеме сите наши цели“, вклучително и додека Хамас „повеќе не претставува закана за Израел“.
Нетанјаху изјави: „Сите ја знаат едноставната вистина: Хамас е единствената пречка за ослободување на нашите заложници“, во замена за стотиците Палестинци затворени од Израел.
Но, се чини дека нема промена во застојот на преговорите за прекин на огнот, при што Израел повика на шестнеделен прекин на борбите и размена на заложници и затвореници, додека Хамас побара трајно прекинување на борбите и израелско повлекување на своите војници .
Високиот функционер на Хамас Осама Хамдан, во саботата на прес-конференција во Бејрут рече:
„Нема вистински напредок на крајот на преговорите за агресија, а она што е цитирано од американската администрација е да се изврши притисок врз движењето (Хамас), да го прифати израелскиот предлог (прекин на огнот) без измена“.
„Уште еднаш“, рече Хамдан, „Хамас е подготвен позитивно да се справи со секој предлог што обезбедува траен прекин на огнот, сеопфатно повлекување од појасот Газа и сериозен договор за размена“.
Во саботата, висок претставник на администрацијата на Бајден рече дека САД им претставиле нов пристап на посредниците Египет и Катар да се обидат да ги започнат закочените преговори меѓу Израел и Хамас.
Војната на Израел против Хамас во Газа избувна кога милитантите предводени од Хамас упаднаа во јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи повеќе од 250 лица, главно цивили, според израелските податоци.
Во одмаздничката офанзива на Израел досега загинаа речиси 38.000 луѓе, според Министерството за здравство на Газа, и ја остави силно изградената крајбрежна енклава во урнатини.
Некои информации во овој текст се од Асошиетед прес, Франс- прес и Ројтерс