Линкови за пристапност

Блинкен ќе ја нагласи потребата од повоен план за Газа, велат САД за средбата со Галант


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант пристигнува во Стејт департментот на САД пред состанокот со американскиот државен секретар Eнтони Блинкен во Вашингтон, на 24 јуни 2024 година. (Фото: АФП)
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант пристигнува во Стејт департментот на САД пред состанокот со американскиот државен секретар Eнтони Блинкен во Вашингтон, на 24 јуни 2024 година. (Фото: АФП)

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе му ја нагласи на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант важноста Израел брзо да развие силен и реален план за управување со Газа кога ќе заврши војната, соопшти американскиот Стејт департмент.

Портпаролот Метју Милер, на брифингот за новинарите, изјави дека највисокиот американски дипломат ќе разговара со Галант, кој е во посета на Вашингтон оваа недела и се состана со високи американски претставници, и за потребата да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот во Газа и да се подобри хуманитарниот пристап.

„Гледаме да постигнеме напредок по сите овие прашања“, рече Милер.

Галант дојде во Стејт департментот неколку моменти пред неговата закажана средба со Блинкен во 13 часот.

Мала група демонстранти пред зградата скандираа додека држеа палестинско знаме додека тој влегуваше.

Тој ги опиша неговите состаноци во Вашингтон, вклучително и оној со Блинкен како „критични“, според коментарите објавени од неговата канцеларија.

„Состаноците што ги одржуваме се исклучително важни и имаат влијание врз иднината на војната во Газа и нашата способност да ги постигнеме целите на војната, за случувањата на северната граница и другите области“, рече Галант.

Вашингтон постојано го повикува Израел да подготви повоен план за Газа и предупреди дека неговото отсуство може да предизвика беззаконие и хаос, како и враќање на Хамас во енклавата.

До денес, Израел допрва треба да претстави таков план.

„Треба да има реални безбедносни планови“, рече Милер, повторувајќи дека Вашингтон е против Израел повторно да ја окупира Газа.

Тој додаде дека сè уште нема договор со Израел за ова прашање, дури и ако Израел му кажува на Вашингтон дека е блиску до завршување на големите борбени операции во Рафа.

„Не сакаме да ги видиме како повторно ја окупираат Газа, поради што продолжуваме да се залагаме за алтернатива на тоа“, рече Милер.

Освен со Блинкен, Галант се сретна и со високи советници на американскиот претседател Џо Бајден, како и со директорот на ЦИА Бил Барнс.

Тој во вторник треба да се сретне со министерот за одбрана Лојд Остин.

Војната започна кога палестинските милитанти на Хамас упаднаа преку границата и го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 250 други како заложници, според израелските податоци.

Во израелската офанзива како одмазда загинаа речиси 37.600 луѓе, според палестинските здравствени власти, а Газа е оставена во урнатини.

XS
SM
MD
LG