Линкови за пристапност

Вечерва трета дебата на републиканците за претседател на САД


Повеќето републиканци го поддржуваат Израел, но ова може да биде точка на поделба меѓу кандидатите
Повеќето републиканци го поддржуваат Израел, но ова може да биде точка на поделба меѓу кандидатите

Првите пет кандидати на Републиканската партија за претседател се собираат вечерва на третата дебата во годината.

Оваа дебата се очекува да се разликува од останатите, бидејќи кандидатите се обидуваат да се издвојат со своите ставови за војната Израел-Хамас.

Повеќето републиканци го поддржуваат Израел, но ова може да биде точка на поделба меѓу кандидатите.

Се очекуваат силни коментари за одбрана на Израел од поранешната гувернерка и амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли и гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, кои вратија Американци од Израел.

Претприемачот Вивек Рамасвами ги промени своите коментари од почетокот на војната и може да биде критикуван поради тоа за време на дебатата.

Теви Трој од Двопартискиот политички центар работеше на минатите дебати.

„Се чини дека тој е потолерантен кон проварварските коментари или луѓе кои кажуваат работи што го поддржуваат тероризмот на Хамас. Тој тоа го нарекува слободен говор. Повторно, јас сум голем поборник за слобода на говорот, но мислам дека има граници кога се залагаш за насилство и убиство, што тогаш тоа не е во ред во мојата книга“, рече Трој.

Според последните анкети, поранешниот претседател Доналд Трамп води пред другите републиканци со 64%, зад него е ДеСантис со 15% и Хејли со 8%.

Но, фаворитот ќе ја прескокне оваа дебата во Мајами, како што беше и со двете претходни, избирајќи наместо тоа да одржи митинг во блискиот град.

Во оваа дебата недостасува и поранешниот потпретседател на Трамп, Мајк Пенс, кој се откажа од трката поради слабите анкети и недостигот на пари.

„Тој беше важен глас во тоа што беше подготвен да го критикува претседателот Трамп на сцената. Сега е само Крис Кристи кој отворено го критикува Трамп во секое појавување. Можеби ќе треба некои од главните кандидати, вклучувајќи ги Хејли и ДеСантис, да упатат повеќе остра критика на Трамп, а можеби отсуството на Пенс им дава можност да го сторат тоа“, рече Трој.

Републиканската партија закажа четврта дебата за 6 декември.

Дотогаш, времето и построгите барања за квалификација треба уште повеќе да го стеснат полето.

Поврзано

XS
SM
MD
LG