Линкови за пристапност

Републиканска претседателска дебата во Калифорнија, Трамп нема да се појави


Бината ќе биде во голема мера иста како и на првата републиканска дебата одржана минатиот месец во Висконсин, која Трамп исто така ја прескокна.
Бината ќе биде во голема мера иста како и на првата републиканска дебата одржана минатиот месец во Висконсин, која Трамп исто така ја прескокна.

Седум републиканци кои бараат да бидат кандидати на нивната партија на претседателските избори во САД следната година ќе се соочат во среда на нивната втора дебата.

На настанот во претседателската библиотека Роналд Реган во Калифорнија нема да се појави актуелниот фаворит во трката за републиканците, поранешниот претседател Доналд Трамп.

Бината ќе биде во голема мера иста како и на првата републиканска дебата одржана минатиот месец во Висконсин, која Трамп исто така ја прескокна.

Учествуваат поранешниот потпретседател Мајк Пенс, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум, сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи и претприемачот Вивек Рамасвами.

Единствената промена ќе биде отсуството на поранешниот гувернер на Арканзас Аса Хачинсон, кој не ги исполни критериумите поставени од Републиканскиот национален комитет.

XS
SM
MD
LG