Линкови за пристапност

Втората републиканска дебата ќе биде на 27 септември во Калифорнија


Поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворит во трката за номинација, според анкетите, рече дека ќе ги прескокне дебатите
Поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворит во трката за номинација, според анкетите, рече дека ќе ги прескокне дебатите

Најмалку шест републикански кандидати ќе учествуваат на втората републиканска претседателска дебата на 27 септември во Калифорнија.

По минатомесечната дебата во Висконсин, втората дебата ќе се одржи во претседателската фондација и институт Роналд Реган во Калифорнија, околу 72 километри северно од Лос Анџелес.

Републиканскиот национален комитет, кој ги организира дебатите, ја избра „Фокс бизнис нетворк“ да биде домаќин на настанот, заедно со ТВ канал на шпански јазик со седиште во САД и онлајн видеоплатформа популарна кај конзервативците.

Двочасовната дебата ќе започне во 21 часот.

Правилата за квалификациите за втората дебата се построги од првата, кога осум кандидати беа во Милвоки.

Ова значи дека двајца кандидати - гувернерот на Северна Дакота и поранешниот гувернер на Арканзас најверојатно нема да успеат поради недоволно донатори и лошите анкети.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворит во трката за номинација, според анкетите, рече дека ќе ги прескокне дебатите и не се појави на првата.

Трамп може да одржи ривалски настан во исто време со дебатата, како што направи минатиот месец.

Шесте кандидати кои најверојатно ќе бидат на сцената се: гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, поранешниот потпретседател Мајк Пенс, поранешната амбасадорка на САД во ОН и гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, американскиот сенатор Тим Скот од Јужна Каролина, биотехнолошкиот инвеститор Вивек Рамасвами и поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи.

Со помал состав, ќе има повеќе време секој кандидат да се напаѓа меѓусебе и да ги изнесе своите ставови пред гласачите.

Исто така, им дава поголема можност да се истакнат или да потфрлат.

XS
SM
MD
LG