Линкови за пристапност

Уште четворица заложници загинале во Газа, соопшти израелската војска


Жена и дете шетаат поминуваат покрај ѕид со слики од заложници во Газа откако беа киднапирани од страна на вооружени напаѓачи на Хамас на 7 октомври, 2023 година
Жена и дете шетаат поминуваат покрај ѕид со слики од заложници во Газа откако беа киднапирани од страна на вооружени напаѓачи на Хамас на 7 октомври, 2023 година

Израелската војска денес соопшти дека уште четворица од израелските заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври умреле во заробеништво, а нивните тела ги држи исламистичката група.

Војската ги идентификувала четворицата мажи, кои сите биле снимени живи во заложнички видеа објавени од Хамас.

Воениот портпарол, контраадмирал Даниел Хагари, рече дека војската ќе може да ја обезбеди безбедноста на Израел во секој договор за примирје и ослободување заложници во Газа што ќе го одлучи владата.

САД се залагаат за договор за прекин на огнот што ќе вклучи прекин на борбите и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили извршиле воздушни напади врз повеќе од 50 цели во појасот Газа, додека копнените трупи биле во центарот на Газа и во градот Рафа, јужна Газа.

XS
SM
MD
LG