Линкови за пристапност

Кинa најави 69 милиони долари хуманитарна помош за Газа


Палестински деца реагираат покрај урнатините на куќа погодена за време на израелското бомбардирање во текот на ноќта во централниот дел на појасот Газа, на 30 мај 2024 година
Палестински деца реагираат покрај урнатините на куќа погодена за време на израелското бомбардирање во текот на ноќта во централниот дел на појасот Газа, на 30 мај 2024 година

Египетскиот претседател Ал-Сиси денес ја повика меѓународната заедница да работи на запирање на војната во Газа.

„Ја повикувам меѓународната заедница да преземе итна и решителна акција за да се спроведе моменталната и неограничена испорака на хуманитарна помош и помош за појасот Газа за да се прекине израелската опсада и да се спротивстави на сите обиди за насилно раселување на Палестинците од нивните земји“, рече ал- Сиси додека тој и другите арапски лидери учествуваа на самитот во Пекинг.

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денес објави 69 милиони долари хуманитарна помош за Газа, како и 3 милиони долари за агенцијата на ОН за палестинските бегалци. Шји рече дека војната „не треба да продолжи бесконечно“ и ја повтори позицијата на Кина за потребата од решение со две држави за израелско-палестинската криза.

Израелската војска денес објави дека извела воздушни напади врз повеќе од 50 цели во текот на изминатиот ден.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера рече дека на Израел му треба повоен план „што е можно поскоро“ и дека отсуството на таков план може да доведе до хаос.

„И мислам дека ова го нагласува императивот да се има план за следниот ден, бидејќи во отсуство на план за следниот ден, нема да има ден потоа“, им рече Блинкен на новинарите.

„Ако не, Хамас ќе остане да раководи, што е неприфатливо. Или ако не, ќе имаме хаос, беззаконие и вакуум“.

Официјалниот претставник на ОН задолжен за мировниот процес на Блискиот Исток ги повтори овие грижи вчера, велејќи дека долгорочната политичка стратегија мора да биде дел од сегашните напори за ставање крај на борбите.

„Да бидам јасен: политичката рамка и структурите што ги воспоставуваме сега ќе играат значајна улога во успехот или неуспехот на она што следи“, рече Тор Венесланд на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Блискиот Исток.

„Ова бара од нас да планираме и да дејствуваме намерно и промислено, знаејќи дека денешните одлуки не само што ќе го обликуваат идното управување со Газа, туку и пошироко ќе ја одредат траекторијата на израелско-палестинскиот конфликт“.

XS
SM
MD
LG