Линкови за пристапност

Ставови на републиканските кандидати


Ставови на републиканските кандидати
Ставови на републиканските кандидати

Мит Ромни:

Имиграција: Се залага за градење на ограда на јужната граница и остри мерки спрема работодавците кои вработуваат илегални мигранти.

Кина: Сака да воведе тарифи за кинеските производи и Кина да се прогласи како валутен манипулатор.

Блиски исток: Како претседател на САД би го направил Ерусалим прва станица, со цел да ја потврди американската поддршка за Изреал. Промена на режимот во Иран за него е неопходност.

Авганистан: Ќе осигура бројноста на трупите да е доволна за завршување на американската мисија во Авганистан. Трупите да останат додека американските воени команданти не потврдат дека мисијата е завршена.

Рон Пол:

Имиграција: Сака да ја зголеми безбедноста на американските граници, се противи на амнестија на илегалните имигранти и се спротивставува на електронска контрола на имигрантскиот статус на вработените.

Кина: Кина е покапиталистичка земја од САД и односите помеѓу двете земји се движат во вистински правец.

Блиски исток: Би ја укинал американската помош за странство, вклучувајќи ја и помошта за Израел. Се противи на изреалско-палестинскиот мировен процес раководен од САД и е против санкциите кон Иран.

Авганистан: Вели ќе ги врати мнозинството на американските трупи дома, што е можно поскоро.

Њут Гингрич:

Имиграција: Би испратил беспилотни летала и огромен број на безбедносен персонал во пограничните сојузни држави.

Кина: Ја поддржува трговијата со Кина, но предупредува на можни последици од американската задолженост кон Кина.

Блиски исток: Ја поддржува промената на режимот во Иран, и вели дека иранската нуклеарна програма е симптом на поголем проблем.

Авганистан: Се противи на повлекување наеднаш од Авганистан.

Рик Санторум:

Имиграција: Поддржува изградба на дополнителна ограда на американско-мексиканската граница. Се спротиставува на програмата за гости-работници.

Кина: САД имаат морална одговорност да го спречат кинескиот социјализам и е потребна поцврста воена позиција кон Кина во Јужното кинеско море.

Блиски исток: Треба посилни санкции спрема Иран и поголема поддршка за иранското про-демократско движење.

Авганистан: : Трупите треба да се повлекуваат побавно во споредба со планот на претседателот Обама.

XS
SM
MD
LG