Линкови за пристапност

Ромни со тесна победа во Ајова


Ромни со тесна победа во Ајова
Ромни со тесна победа во Ајова

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни победи на првиот кокус на Републиканската партија во Ајова, тесно поразувајќи го социјалниот конзервативец Рик Санторум на првиот натпревар за номинирање во претседателските избори на 2012.

Претставник на партијата рано во среда соопшти дека Ромни, долготрајниот прв на листата на републиканските кандидати, го победил Рик Санторум, кој е со растечка поддршка меѓу сопартијците, за само осум гласови, со што ова стана една од најтесните натпревари во историјата на кокуси во Ајова. Рон Пол, кој е отворено против војната, заврши трет со 21 процент од гласовите.

Пред конечните резултати, Ромни му честиташе на Санторум и им заблагодари на гласачите на Ајова што на него и на неговите противници им дале шанса да го обноват „срцето и душата“ на нацијата.

Во говор од главниот град на Ајова, Де Моин, Ромни го нагласи своето искуство во бизнисот и ги критикуваше напорите на Барак Обама за враќање на Американците на работа.

„Јас ќе работам да го вратам Американецот на работа со правење на Америка повторно најатрактивно место во светот за креаторите на работни места, иноваторите, инвеститорите и работните места ќе почнат да течат овде како што беше во минатото. Ќе ги држам нашите даночни стапки конкурентни, ќе направам регулаторите да ги видат нивните работни места како место од каде ќе охрабруваат претприемаштво, ќе направам да се отворат нови пазари за американските производи и конечно, ќе ги искористам енергетските ресурси што ги имаме, во нафта, гас, јаглен, како и нуклеарни ресурси и извори на обновлива енергија“, рече Ромни.

XS
SM
MD
LG