Линкови за пристапност

Невработеноста во САД падна на 3,9 проценти


Ова е најниско ниво од декември 2000-та година, наваму

Американските компании во април годинава, вработиле поголем број лица од очекувањето, а стапката на невработеност паднала на 3,9 проценти, се вели во месечниот извештај на Одделот за труд. Ова се смета како доволен доказ дека економијата во САД е во добра состојба и покрај хаосот на берзите и стравот од почеток на трговска војна.

Во април биле додадени 164.000 работни места, наспроти 135.000 колку што биле отворени во март. Невработеноста падна пониско од нивото од 4,1 процент колку што беше во претходните шест месеци, што се должи на фактот што помал број лица бараат работа.

Стапката на невработеност е на најниско ниво, од декември 2000-та година, наваму.

Невработеноста кај Афроамериканците изнесува 6,6 проценти, најниско ниско ниво од 1972-та година.

Многу работодавци велат дека тешко наоѓаат квалификувани работници, но тие допрва се очекува да ги покачат платите. Просечните месечни примања се повисоки за само 2,6 проценти, споредено со пред една година.

Темпото на вработување може да биде прекинато од драматичните промени на светските берзи, растот на инфлацијата и ризикот дека царините на претседателот Доналд Трамп би можеле да предизвикаат трговска војна.

Работниците во приватниот сектор во текот на првите три месеци од 2018-ма, го имаа највисокиот просечен раст на приходите за период од 11 години, се наведува во одделен извештај на Одделот за труд.

Инфлацијата покажува знаци на зголемување, поткопувајќи дел од растот на платите. Цените во март се зголемиле за 2,4 проценти, што е највисоко покачување во период од 12 месеци.

(Асошиетед прес)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG