Линкови за пристапност

Денеска во САД е Ден на еднакви примања. Датумот не е случајно избран – покажува колку во просек жените мора да работат, за да заработат исто како и мажите за претходната година.

Германија истото го направи на 10-ти март, додека Чешката Република ќе го одбележи Денот на еднакви примања на 13-ти април. Во САД во 2017-ма, денот беше на 4-ти април, што е показател дека разликата во примања меѓу мажите и жените во земјата, годинава е нешто полоша.

Има бројни објаснувања за појавата. Една од главните, е таканаречената „професионалната сегрегација“, што значи, на одредено работно место се гледа како на „работа за мажи“ или „работа за жени“, при што доминира половата разлика.

Воедно, во индустриите каде се нудат најдобри плати, исто така доминираат мажи, велат експертите.

Други пак велат дека трендот се должи на фактот што повеќе жени земаат повеќе слободни работни денови или одбираат места со помала одговорност или флексибилно работно време, за да се фокусираат на семејствата.

Дополнително, Институтот за економска политика што се занимава со прашањата на работниците со ниски или средни примања, во април 2017-та констатираше дека жените заработиле помалку од мажите во речиси секоја област, без оглед на тоа што одредена професија традиционално била доминантна од мажите.

За илустрација, просечните примања на воспитувачки во градинки и забавиште, за мажите била 16 долари и 33 центи, а за жените 14 долари и 42 цента за еден час работа. За професијата медицински сестри - жените заработувале 37,50 долари, а мажите 42,74. Софтвер-програмери - 38,98 долари за еден час заработувале мажите, додека за истото време, жените во просек земале 33,65 долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG