Линкови за пристапност

Нервозни инвеститори - турбулентни берзи


Денеска попладне трговците со акции се обидуваа да го смират пазарот по неочекуваниот потрес на цените

Ова беше ден кога инвеститорите се обидуваа да се справат со нестабилноста на вредноста на акциите низ целиот свет.

Тонот го поставија Азија и Европа ден порано, каде што индексот Евро STOXX 50 порасна за 1,8 проценти, Јапонскиот индекс Nikkei 225 се зголеми за две десетини од процентот, а индексот на Hang Seng од Хонг Конг се затвори за речиси еден процент пониско.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој често ги коментираше придобивките на пазарот за време на досегашниот мандат, беше критичен за продажбата на акциите:

„Во старите денови, кога имаше добра вест, берзата одеше нагоре. Денес, кога е објавена добра вест, берзата паѓа. Голема грешка, а ние имаме многу добри вести за економијата“, напиша Трамп на Твитер.

Неговатат порака алудира на извештајот на американската Влада објавен во петокот, каде се вели дека економијата додала 200.000 нови работни места во јануари, а платите се зголемиле со најбрзо темпо досега, споредено со изминативе осум години.

Американските акции се силни откако Трамп влезе во Белата куќа пред повеќе од една година. Индексот Стандард енд Пурс 500, на пример, се искачи речиси 24 проценти во текот на една година.

Импресивните перформанси помогнаа во покачувањето на рејтингот на Трамп, според новата анкета на Универзитетот Квинипек во средата. Речиси 40 проценти од анкетираните гласачи на САД ја одобрија неговата работа, што е најдобар рејтинг за седум месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG