Линкови за пристапност

Само 103.000 нови работни места во САД


Стапката и натаму, шест месеци по ред, изнесува 4,1 проценти

Стапката на невработеност во САД, шест месеци по ред, изнесува 4,1 проценти, што е на најниско ниво во последните 17 години, соопшти американскиот Оддел за труд.

Минатиот месец, американските работодавци додале 103.000 работни места, за разлика од претходните месеци, кога бројот изнесувал 175.000.

Ваквиот пад се должи на загубата на 15.000 работни места во градежниот сектор, и 4.400 во малопродажбата.

Додадени се вработувања во индустриското производство, здравствената заштита и рударскиот сектор, но, растечкиот тренд полека се намалува.

Просечната плата по час, забележала раст во март, и е за 2.7 проценти поголема, во споредба со минатата година.

Американската економија сепак се смета за здрава - втора најголема економија од средината на 19-тиот век, и по големата рецесија која заврши во 2009-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG