Линкови за пристапност

Американските фармери загрижени за трговската политика на Трамп


Откако започнал да се занимава со земјоделството во 1980-та година, секое утрото на фармерот Брент Шол од Илиноис е речиси исто ... будење рано и работа во една од неколкуте згради на неговата свињарска фарма.

„Секои осум недели добиваме 1.100 свињи“ вели Шол пред да го активира системот за хранење на свињите. Тој ги храни животните неколку месеци пред да ги продаде.

„За една година, продаваме над 6.000 свињи“.

Тоа е скап процес која бара интензивен труд - но понекогаш е профитабилен процес, затоа што како што вели Шол, расте странската побарувачка за свинско месо.

„Четвртина од моето производство оди некаде во странство“, изјави тој за Гласот на Америка. „Тоа значи дека 25 до 28 проценти од она што го продавам е платено од пари кои доаѓаат од странство.“

Но ваквата продажба е изложена на ризик ако Кина ја примени предложената царина од 25 проценти за американско свинско месо, кое беше предложено како одговор на американските царини за кинески алуминиум и челик.

Мал профит

Зголемените трговски тензии меѓу САД и Кина ги засегнаа земјоделците во централниот дел на САД, каде што се произведуваат голем дел од производите врз кои Кина сака да наметне царини. Слично како Шол, многу земјоделци се загрижени за тоа како царините ќе влијаат на нивниот приход, и тоа не само профитот од свинското месо.

Брент Шол исто така одгледува соја, а заканата од Кина за наметнување царини на овој производ веќе го чинела.

„Вчера сојата на пазарот падна со над 50 центи“, вели тој.

Домашна политика

Шол е загрижен дека Пекинг ќе се обиде да обезбеди поевтини производи од други држави, ограничувајќи го кинескиот пазар за американските производи. Тој смета дека има само една личност која е виновна за неговата неизвесна финансиска перспектива.

„Би рекол, нашиот претседател“.

Шол гласал за Трамп на изборите во 2016-та година, и покрај неговата реторика за трговските договори.

Зборувајќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп им се обрати на загрижените фармери со неговите трговски политики:

„Нашите земјоделци се одлични патриоти. Тие разбираат дека тоа го прават за државата, и ние ќе им помогнеме. И на крај, тие ќе бидат многу посилни отколку што се сега.“

Шол се надева дека трговската тактика на претседателот Трамп ќе биде насочена кон заштита на американските работни места и на крајот ќе се постигнат подобри трговски договори.

Ако не, вели Шол тој ќе ја преиспита одлуката за кого ќе го даде гласот на следните претседателски избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG