Линкови за пристапност

Реакција на Стејт департментот за случајот со петкратното убиство во Македонија


Законски процес - за задоволување на правдата, порача заменик-портпаролот Марк Тонер.

Стејт департментот апелираше да биде испочитуван законскиот процес, за да биде задоволена правдата во случајот со петкратното убиство крај Смилковското Езеро.

„Очигледно, следиме како се развива истрагата, но само повикуваме на сите осомничени за ова ужасно убиство, без оглед на нивниот идентитет, етничка припадност или верисповед, да им биде овозможен процес согласно законите и на крајот да се обезбеди дека ќе биде задоволена правдата“, изјави портпаролот Марк Тонер на денешниот редовен прес-брифинг во Стејт депарментот, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка дали САД имаат информации за закана од радикалниот ислам во Македонија, во контекст на наводите на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, дека некои од уапсените се негови следбеници и војувале на страната на Талибан против НАТО во Авганистан и Пакистан.

Тонер кажа и дека Амбасадата во Скопје внимателно го следи случајот.

XS
SM
MD
LG