Линкови за пристапност

МВР уапси 20 лица за петкратното убиство кај Смиљковци


Приведените припадници на радикалниот ислам, тврди министерката Јанкулоска.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ги открило и уапсило сторителите на петкратното убиство на брегот на езерото кај Смилљковци извршено на 13-ти април годинава, непосредно пред Велгигден.

Станува збор за 20 лица за кои министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска попладнево на прес-конференцијата кажа дека се следбеници на радикалниот ислам и дека војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО.

Против приведените во акцијата “Монструм”, што утрово ја спровеле припадници на МВР, ќе бидат поднесeни кривични пријави за тероризам.

Јанкулоска оцени дека најверојатниот мотив е идејата на приведените за убивање во радикалниот ислам, а целта да се создаде чувство на страв кај пошироката јавност.

Полицијата продолжува со дејствијата и делува превентивно, но , како што рече Јанкулоска, и репресивно. Таа информираше дека МВР обезбедило материјални докази, но идентитетот на приведените се` уште нема да биде откриен во корист на истрагата.

Според министерката, операцијата “Монструм” била изведена во 26 објекти при што полицијата открила поголема количина на оружје. Во тек е вештачење дали тоа оружје било користено за петкратното убиство.

Приведените се товарат за убиството на Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски, на возраст од 18 до 20 години, како и 45-годишниот Борче Стефановски од скоспкото село Црешево.

Петмината, според досегашните информации на полицијата, биле убиени од автоматско оружје од непосредба близина.

XS
SM
MD
LG