Линкови за пристапност

Сменета командата на ирачка база


Сменета командата на ирачка база
Сменета командата на ирачка база

База што некогаш служеше како седиште за американската армија во Ирак сега е под ирачка контрола.

Портпарол на американската армија кажа дека американските претставници ја предале базата, позната како Кемп Виктори, на Ирак во петокот, откако претставници на двете држави ја потпишале потребната документација. Немаше формално примопредавање.

Околу 13.000 американски трупи остануваат во Ирак, но е планирано да заминат до крајот на месецот. Повлекувањето ќе значи крај на армиското присуство што започна во 2003 со американската инвазија која го симна од власт Садам Хусеин.

Во базата живееја највисоки армиски претставници, и опфаќаше површина опкружена со 42 километри долг ѕид. Тоа беше дом и на 40 илјади трупи и армиски персонал.

Садам Хусеин бил овде држен во затвор пред неговото судење и егзекуција во 2006-та.

XS
SM
MD
LG