Линкови за пристапност

Клучна недела - Европа се обидува да го спаси Иранскиот договор


Дали ќе успее да му се спротистави на Вашингтон коj во рацете има неколку моќни адути, останува да се види

Од 2015-та година, кога беше склучен Иранскиот нуклеарен договор, во Европа беа слеани милијарди долари приход и илјадници работни места. Со одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД од пактот, актуелната ситуација се чини дека ќе биде доведена во ризик, особено кога станува збор за неговите закани дека ќе бидат воведени санкции за европски компании кои имаат деловни врски со Техеран.

Сепак, Европјаните се соочуваат со непријатна вистина додека се обидуваат да го спасат Нуклеарниот договор и да ги заштитат нивните бизниси. Иран е 33-ти најголем трговски партнер на ЕУ, додека САД се на првото место. Реалноста може да има големо значење за време на овонеделните клучни разговори, во услови на зголемени повици до Европа да застане во одбрана на своите идеали и интереси, зборувајќи со силен и обединет глас.

Министрите за надворешни работи на Франција, Британија и Германија, трите потписнички на Договорот со Иран, утре ќе дискутираат за нивниот одговор на американската одлука да се повлечат од спогодбата. Европските претставници воедно ќе имаат средби и со нивниот ирански колега Џавад Зариф.

Првичните реакции од Европа беа остри и со ветувања да нема откажување од Договорот, осудувајќи ја одлуката на Вашингтон како дестабилизирачка.

Францускиот министер за економија Бруно Ле Маир, изјави дека европскиот блок мора да го брани својот „економски суверенитет“ против американските закани. Тој воедно изложи мерки со цел блокот земји од ЕУ да стане финансиски понезависен.

Според научните соработници Стивен Сајмон и Џонатан Стивенсон, ЕУ треба да ја согледа суровата реалност и можеби да ја разгледа можноста за повлекување на европските амбасадори од Вашингтон, па дури и протерување на американските амбасадори, во зависност од реакцијата на Трамп и одмаздата против САД од трговска гледна точка. Поддршка за обединет одговор е можна, бидејќи Иранскиот договор е една од неколкуте области по која членките на ЕУ се согласни.

Ели Геранмае од Европскиот совет за односи со странство, предложи дека Европа можеби ќе треба да соработува со двата други потписника на договорот – Русија и Кина, се` со цел да го принуди Техеран да се придржува до договорот.

Неуспехот да се спаси договорот, не само што ќе има ужасни последици за Блискиот Исток, вели Геранмае, туку драстично ќе ја намали европската релевантност во однос на глобалната безбедност.

Но, експертите велат дека да му се спротивставите на Вашингтон, нема да биде лесно. Ако имате бизнис-врски со Иран, а сакате да продавате на голем пазар како што се САД, практично треба да изберете – или Иран, или САД.

Администрацијата на Трамп има уште еден моќен адут, заканите за воведување на царини за челик и алуминиум за земји од ЕУ, привремено изземени до јуни. Како парадокс, дополнителниот притисок, можно е и да придонесе Европјаните да се обединат и да му се одмаздат на Вашингтон, во комерцијална смисла, заклучуваат аналитичарите.

За илустрација, трговијата на ЕУ со Иран од само околу 9 милијарди долари во 2015-та, во 2017-та година, се зголеми на околу 25 милијарди, со Германија, Франција и Италија, како главни трговски партнери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG