Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Европската Унија „треба да биде благодарна“ дека неодамнешните активности на Трамп ги елиминирале сите „илузии“ за соработка меѓу Европа и САД.
„Гледајќи ги најновите одлуки на Трамп, некој може дури и да си рече: со вакви пријатели кој би имал потреба од непријатели“, напиша Туск на Твитер. Тој истакна дека „Благодарение на него, се ослободивме од сите илузии“.
Коментарите на Туск се како одговор на одлуката на Трамп да се повлече од Нуклеарниот договор со Иран и неговата закана за воведување трговски санкции врз 28 држави членки на ЕУ.
Европските лидери денеска се сретнаа во Софија на разговори за опциите за зачувување на Договорот и да ги заштитат напорите за економска соработка на ЕУ со Иран, што започна да оживува откако Трамп се повлече.
По наведувањето на долгорочните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се руската агресија и кинеската експанзија како глобална сила, Туск подвлече: „Денеска сме сведоци на нов феномен, каприциозната агресивност на американската администрација“.
Од лидерите на ЕУ не се очекува да донесат какви било брзи одлуки по прашањето за Иранскиот договор, но, од нив се очекува да продолжат да се придржуваат до одредбите од спогодбата и да ги разгледаат можностите за заштита на европските инвестиции во Иран, од кои многу земји на Унијата се надеваат дека ќе имаат корист.
ЕУ треба да му биде благодарна на Трамп. Благодарение на него, се ослободивме од сите илузии
Facebook Forum