Линкови за пристапност

Украина ќе ги поврати својата територија и народ, рече Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вети дека ќе ги врати областите на Украина кои моментално се окупирани од руските сили
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вети дека ќе ги врати областите на Украина кои моментално се окупирани од руските сили

Официјални лица во украинската област Херсон денес соопштија дека руски воздушен напад уништил куќа во градот Берислав, при што загинало едно лице.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека воздушната одбрана соборила 11 беспилотни летала што Русија ги лансирала во текот на ноќта.

Во западна Украина, официјални лица рекоа дека при нападот со руско беспилотно летало биле оштетени згради во близина на нуклеарна централа.

Украинското министерство за енергетика на Телеграм објави дека рускиот напад се случил во близина на нуклеарната централа Хмелницки, при што биле оштетени прозорците на околните згради и далноводите во областа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вети дека ќе ги врати областите на Украина кои моментално се окупирани од руските сили.

„Украина ќе ја поврати својата територија и својот народ“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање.

„Никого нема да го оставиме на окупаторите. Ги користиме сите средства за да обезбедиме оваа војна да заврши со пораз на окупаторите“.

Тој исто така рече дека и покрај сомневањата од многумина во светот, „Украина покажа дека може да надвладее, и покрај сите предизвици, особено во регионот на Црното Море“.

Дел од информациите во текстот се од агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG