Линкови за пристапност

Украина вели дека Русија започнала бранови напади со беспилотни летала и проектили


Војската соопшти дека 17 беспилотни летала и проектили биле лансирани против инфраструктурни, цивилни и воени цели во Доњецк, Миколајев, Суми, Дњепропетровск и Запорожје.
Војската соопшти дека 17 беспилотни летала и проектили биле лансирани против инфраструктурни, цивилни и воени цели во Доњецк, Миколајев, Суми, Дњепропетровск и Запорожје.

Украинската војска соопшти дека Русија во текот на ноќта извршила бран напади со беспилотни летала и ракети врз четири украински региони, но повеќето од нив биле пресретнати и уништени од воздушната одбрана.

Вкупно 17 беспилотни летала и проектили беа лансирани против инфраструктурни, цивилни и воени цели во Доњецк, Миколајев, Суми, Днепропетровск и Запорожје, соопшти војската во четвртокот.

Три беспилотни летала и една крстосувачка ракета беа соборени од украинските сили, додаде војската.

Нема извештаи за жртви

Во средата, официјални лица во јужна Украина соопштија дека руски проектил погодил станбена зона при што загинале најмалку две лица. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека проектилот погодил продавница за храна во регионот на Миколаев.

Виталиј Ким, регионалниот гувернер, рече дека нападот се случил во селото Степове и оштетил и станбени згради и земјоделски бизнис.

Друг руски ракетен напад претходно во средата погоди станбена зграда во Запорожје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање во средата рече дека во нападот загинале пет лица, а пет други се повредени.

Друг руски напад уби една жена и повреди уште четири лица во Днепропетровск, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

РСЕ придонесе за овој извештај. Некои информации дојдоа од агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG